АВСТРАЛИСКИОТ ПРЕМИЕР ВЕЌЕ НЕ Е ПОПУЛАРЕН Недостига храна во супермаркетите, болниците преполнети

Откако омикрон го зема својот замав во земјата, болниците во Австралија се преполнети, а почнуваат да фалат продукти во супермаркетите. Популарноста на Морисон и на неговата конзервативна партија опаднаа на најниско ниво за пет процентни поени, откако тој е на власт од 2018 година.

2,155

Популарноста на австралискиот премиер Скот Морисон падна на најниско ниво од 2020 година, само неколку месеци пред изборите, покажува најново истражување на јавното мислење, пишува „Аустралијан“. Поддршката за Морисон во јануари паднала за пет процентни поени на 39 отсто, што е најлош резултат во последните две години, а, според граѓаните, се должи на лошото справување со омикрон-сојот на коронавирусот на неговата влада.

Откако омикрон го зема својот замав во земјата, болниците во Австралија се преполнети, а почнуваат да фалат продукти во супермаркетите. Популарноста на Морисон опадна, но и на неговата конзервативна партија, откако е на власт од 2018 година.






Морисон претходно уживаше голема популарност, особено кога ги затвори границите на Австралија и им понуди финансиска помош на загрозените поради карантинот, што придонесе за брзо сузбивање на коронавирусот

Поврзани содржини