Австралиски сурфер скокнал од даската врз ајкула за да ја спаси сопругата (ВИДЕО)

Шантел Дојл била нападната од ајкула во Порт Маквајер, Нов Јужен Велс во Австралија, и која и нанела неколку отворени рани на десната нога.

811

На северниот брег на Австралија еден сурфер скокна од даската врз голема бела ајкула и со неколку удари успеал од нејзината вилица да ја извлече сопругата. Ова е трет напад на ајкула во последниов период во Нов Јужен Велс.

Шантел Дојл била нападната од ајкула во Порт Маквајер, Нов Јужен Велс во Австралија, и која и нанела неколку отворени рани на десната нога.






Нејзиниот сопруг, Марк Рапли, на големата бела ајкула која била долга меѓу два и три метри, скокнал од даската за сурфање и се обидел да и помогне.

– Тој веслајќи со рацете дојде до местото, скокна од даската врз ајкулата и со неколку удари ја ослободи жената, а потоа и помогна да се вратат на плажата – изјави Стивен Пирс, извршниот директор на „Surf Life Saving“ за Нов Јужен Велс, огранизација која се гризи за безбедноста на австралиските плажи.

Според неговите зборови, тоа бил еден навистина херојски чин.

Ова е трет напад на голема бела ајкула кај северниот дел на Австралија во последниов период.

Пирс истакна дека се бележи голема активност на морските кучиња во оваа година, а особено во северниот дел на австралискиот брег.

– Во овој период од годината, кога завршува зимата, е период кога мигрираат китовите, па поради тоа се зголемува активноста на ајкулите – објасни Пирс.

Поврзани содржини