АВСТРАЛИСКА КОМПАНИЈА ПОВЛЕКУВА 200.000 ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА Давале лажно позитивни резултати

Вкупно 427.000 комплети испратени во САД се погодени од „неодредениот“ проблем, а половината од нив веќе се користени, што резултирало со околу 42.000 позитивни резултати, наведува Њујорк тајмс. Не е јасно колку од тие позитивни резултати може да бидат лажни.

347

Австралиската компанија Елум која ѝ испорачала на САД повеќе од 3,5 милиони комплети за тестирање за коронавирусот одобрени од ФДА, сега повлекла околу 200.000 од тестовите поради проблем во производството кој резултирал со лажно позитивни резултати.

Управата за храна и лекови вчера издала соопштение со кое ја предупредува јавноста на „потенцијал за лажно позитивни резултати“ на некои серии на Елум домашниот тест за корона, брз комплет на антигени кој се користи за откривање на коронавирусот со помош на назални брисови и апликации за паметни телефони.






– Изгледа проблемите во производството не влијаат на негативните резултати – изјавиле од ФДА и додале дека соработуваат за Елум за да ги проценат корективните чекори за во иднина.

Луѓето кои ги користеле комплетите на Елум кои добиле позитивен резултат добиле упатство да се обратат на својот лекар за натамошни прегледи. Се повикуваат сите кои поседуваат комплети да ја проверат листата на проблематични комплети која ја доставила Елум, испратена во периодот од април до август годинава и да побараат замена откако ќе достават сметка.

Извршниот директор на компанијата Елум, Шон Парсонс, вели дека компанијата „изминативе недели“ забележала лажно позитивни резултати на одредени серии на производот и дека ја идентификувала причината. Но, компанијата одбила да објасни што е причината за проблемот, повикувајќи се на деловна тајна.

– Зголемениот број на лажно позитивни резултати, е резултат на проблем во синџирот на снабдување со една од компонентите на тестот. Поради сопственичките информации вклучени во производствениот процес, не можеме да понудиме повеќе детали – вели портпаролот на Елум во соопштението.

Иако ни ФДА, ни Елум не дале точен број на комплети кои ги повлекуваат, Њујорк Тајмс вели дека станува збор за речиси 200.000.

Вкупно 427.000 комплети испратени во САД се погодени од „неодредениот“ проблем, а половината од нив веќе се користени, што резултирало со околу 42.000 позитивни резултати, наведува весникот. Не е јасно колку од тие позитивни резултати може да бидат лажни.

Елум испратил речиси 3,5 милиони комплети тестови во САД откако во декември добила дозвола од ФДА за итна употреба, како прв тест на ковид-19 кој се продава во малопродажба.

Најмалку четири лота наведени на страницата на Елум за отповикување се испратени во американското Министерство за одбрана. Пентагон во февруари потпиша со Елум договор од 238 милиони долари, за да го зголеми производството на своите тестови во САД.

Во меѓувреме, ФДА во понеделникот издала авторизација за Фловфлекс, уште еден домашен антигенски тест за корона, кој го произвела лабораторијата АЦОН од Калифорнија.

Поврзани содржини