АВСТРАЛИЈА ПОВЛЕЧЕ ГУМЕНИ БОНБОНИ ОД ПЕЧУРКИ Предизвикуваат халуцинации, поспаност и губење на свеста

Веб-страницата на производителот, која е привремено затворена, претходно се нудеа „специјално формулирани“ гуми за џвакање дизајнирани за „подобрување на целокупната благосостојба“.

463

Австралија повлече два вида гумени бонбони од печурки откако неколку лица беа хоспитализирани со „вознемирувачки халуцинации“ и повраќање.

Станува збор за бонбоните  Cordyceps и Lion’s Mane на познатиот бренд „Uncle Frog“.






Властите ги предупредуваат граѓаните дека овие бонбони не треба да ги користат бидејќи некои од потрошувачите кои ги користеле „доживеале неочекувана токсичност“. Меѓу симптомите се и напади, анксиозност, поспаност или губење на свеста и забрзано чукање на срцето.

Властите истражуваат што точно во овие производи ги предизвикало овие непријатни симптоми.

Владата објави дека неодамна тинејџер бил пронајден во несвест откако проголтал неколку бонбони. Нему му беше дадена терапија и сега состојбата му се подобрува.

– Во тек се истраги за тоа што содржат овие производи. Силно препорачуваме луѓето да не ги консумираат – изјави вчера медицинскиот директор на Информативниот центар на Нов Јужен Велс, д-р Дарен Робертс.

Веб-страницата на „Uncle Frog“, која е привремено затворена, претходно нудеше „специјално формулирани“ гуми за џвакање дизајнирани за „подобрување на целокупната благосостојба“.

 

Поврзани содржини