Австралија по 4 недели прво ќе тестира, па ќе размисли за попуштање на мерките

196

Рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во Австралија ќе останат во сила уште најмалку четири недели, соопшти премиерот Скот Морисон.

Тој рече дека Австралија ќе го прошири тестирањето во текот на мај, ќе го подобри капацитетот за следење на контактите на заразените лица и ќе планира одговор на секоја понатамошна локална епидемија.






Морисон истакна дека очекува овие три чекори да бидат завршени за четири седмици и дека Австралија потоа ќе размисли за олеснување на ограничувањата што вклучуваат намалување на движењето на граѓаните и затворање на училишта, ресторани и пабови.

Поврзани содржини