Австралија останува под клуч и во периодот што следи

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, потврди дека правилата за заклучување нема да бидат укинати, бидејќи има уште нови случаи на ковид-19, и најави повеќе детали во текот на утрешниот ден, пренесуваат британските медиуми.

227

Речиси половина од 25-те милиони жители на Австралија се уште се заробени во своите домови поради ширењето на делта сојот на коронавирусот, вклучувајќи ги и граѓаните на Сиднеј, најголемиот град во земјата.

Австралиските власти денеска соопштија дека во државата Викторија и во следните денови ќе биде продолжен локдаунот поради ковид-19, по утрешниот ден како однапред утврден рок, и покрај благиот пад на бројот на нови инфекции, додека двата најголеми града на континентот се борат да го запрат ширењето на позаразниот делта сој на вирусот.






Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, потврди дека правилата за заклучување нема да бидат укинати, бидејќи има уште нови случаи на ковид-19, и најави повеќе детали во текот на утрешниот ден, пренесуваат британските медиуми.

Во Викторија, втора по бројност држава во Австралија, чиј главен град е Мелбурн, денеска се потврдени нови 13 локални случаи на инфекција, три помалку од претходниот ден, додека државата Нов Јужен Велс, чиј главен град е Сиднеј, јави за 98 нови случаи на локална инфекција, седум помалку од претходниот ден.

Поврзани содржини