АВСТРАЛИЈА НЕМА ДА ЈА БОЈКОТИРА ЕВРОВИЗИЈА Сенаторот Дејвид Шубриџ смета дека сјајот, гламурот и музиката не треба да имаат предност пред човековите права

Шубриџ ја обвини Евровизија за „груби двојни стандарди“ за забрана на Русија да се натпреварува поради воени злосторства во Украина, додека „го поставува црвениот тепих за Израел“ дури и додека хуманитарната криза во Газа се влошува.

299

SBS (јавната телевизиска и радио мрежа на Австралија) посочи дека нема да го следи примерот на растечкиот број земји од Европската Унија кои повикуваат на бојкот на Евровизија следната година доколку на Израел му биде дозволено да учествува, пишува The Guardian.

Одлуката за учеството на Израел ќе ја донесе управното тело на натпреварот во декември, но SBS соопшти за Guardian дека планира да учествува на Евровизија 2026 во Виена, без оглед на одлуката во декември.






Директорот на натпреварот, Мартин Грин, издаде соопштение во кое се вели дека со придолжувањето на рокот до декември, сака да обезбеди „дополнителна флексибилност и јасност“ додека групата се консултира со радиодифузерите членки за учеството на земјите на следниот натпревар.

Ирска, Словенија, Шпанија, Холандија и Исланд веќе објавија дека не се подготвени да учествуваат ако ERU му дозволи на Израел да се натпреварува, со оглед на влошувањето на хуманитарната криза во Газа.

ERU ја исклучи Русија од натпреварот кратко време по инвазијата на Украина во 2022 година.

Во среда, Евровизија ги негираше претходните извештаи во израелските медиуми дека ERU неформално му предложила на израелскиот јавен радиодифузер, Кан, привремено да се повлече или да настапи под неутрален симбол за да избегне формално исклучување.

– ERU не доставила никакви предлози до Кан во врска со нејзиното учество на Евровизија следната година, изјавил Грин за Гардијан Австралија.

– Ги разбираме загриженостите и длабоко вкоренетите мислења во врска со конфликтот на Блискиот Исток. Сè уште се консултираме со сите членови на ERU за да собереме мислења за тоа како да се управува со учеството и геополитичките тензии околу Евровизискиот натпревар.

Радиодифузерите имаат рок до средината на декември да потврдат дали сакаат да учествуваат на натпреварот следната година во Виена. Од секој член зависи дали сака да учествува и ние ќе ја почитуваме секоја одлука што ќе ја донесат радиодифузерите.

Директорот на Кан, Голан Јохпаз, во понеделник за „Тајмс оф Израел“ изјави дека Евровизија е културна прослава, а не политичко бојно поле и ги истакна успесите на неговата земја во последните години, вклучувајќи го пласманот меѓу првите пет и една победа од основањето на Кан во 2017 година.

Австралиската зелена партија и Австралиската мрежа за застапување на Палестина (APAN) ја повикаа SBS да се придружи на бојкотот.

Портпаролот за надворешни работи на Зелените, сенаторот Дејвид Шубриџ, рече дека „сјајот, гламурот и музиката на Евровизија“ не треба да имаат предност пред човековите права.

Словенија, Ирска, Холандија и други рекоа дека нема да пеат ако Евровизија 2026 му даде на Израел светска сцена за да го исплакне геноцидот и дека е време Австралија да се придружи на нивниот принципиелен повик, рече тој.

– Тешко е да се поверува во темата на Евровизија за „единство преку музика“ кога еден натпреварувач спроведува етничко чистење, изгладнува цивили и убива деца“.

Шубриџ ја обвини Евровизија за „груби двојни стандарди“ за забрана на Русија да се натпреварува поради воени злосторства во Украина, додека „го поставува црвениот тепих за Израел“ дури и додека хуманитарната криза во Газа се влошува.

– Ова не е натпревар во кој Австралија треба да биде, рекол тој.

Претседателот на АПАН, Насер Машни, рекол дека на Израел не треба да му биде дозволено да учествува на Евровизија, Светското првенство или Олимписките игри.

– Овие настани треба да бидат резервирани за земји кои ги почитуваат меѓународно договорените правила и не вршат геноцид, рекол Машни.

– Доколку им биде дозволено да учествуваат, другите земји имаат обврска да бојкотираат.

SBS не потврди дали биле контактирани од ERU за учеството на Израел.

– SBS го емитува Евровизискиот натпревар повеќе од 40 години, споделувајќи ја оваа глобална прослава на различноста и вклученоста со сите Австралијанци. SBS планира да ја продолжи таа традиција со своето учество на Евровизија 2026. Одлуката за учеството на Израел ќе ја донесе ERU во наредните месеци, рекол портпаролот.

Поврзани содржини