📽 АВСТРАЛИЈА МУ УДРИ КЛОЦА НА ИРАНСКИОТ АМБАСАДОР Техеран обвинет за антиеврејски напади во Сиднеј и во Мелбурн

Иран „целосно ги отфрли“ обвинувањата за вмешаност во нападите. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај, додаде дека одлуката за протерување на нивниот пратеник е поттикната од внатрешната политика на Австралија.

222

Австралија му даде на амбасадорот на Иран рок од 7 дена да ја напушти земјата, обвинувајќи ја иранската влада дека стои зад антиеврејски напади во Сиднеј и во Мелбурн, објави Би-Би-Си.

Премиерот Ентони Албанезе на прес-конференција во вторникот изјави дека разузнавачките служби го поврзале Иран со палење кафеана во Сиднеј во октомври минатата година, како и со друг напад со пожар врз синагога во Мелбурн во декември.






Албанезе додаде дека двата инцидента биле „обиди за поткопување на општествената кохезија и за сеење поделби во нашата заедница“.

Амбасадорот Ахмад Садеги и уште тројца официјални претставници добија наредба да ја напуштат Австралија, која, исто така, ги повлече своите дипломати од Техеран.

Иран ги отфрла обвинувањата

Иран „целосно ги отфрли“ обвинувањата за вмешаност во нападите.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај, додаде дека одлуката за протерување на нивниот пратеник е „поттикната од внатрешната политика на Австралија“.

Сепак, шефот на Австралиската организација за безбедносни разузнавања (АСИО), Мајк Бургес, изјави дека неговите тимови откриле врски „меѓу наводните злосторства и командантите во иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) по темелна повеќемесечна истрага“.

– Тие користат посредници, вклучително и криминалци и членови на организирани криминални банди за да работат за нив или да ги следат нивните насоки – изјави Бургес.

Тој додаде дека ИРГЦ „користела сложена мрежа на посредници за да го сокрие своето учество“ во нападите врз „Луис континентал кичен“ во Сиднеј на 20 октомври и врз синагогата „Адас Израел“ во Мелбурн на 6 декември.

Докази дека Иран стои и зад други инциденти?

Австралиските разузнавачки служби, исто така, нашле докази дека Иран најверојатно стои и зад други антиеврејски инциденти во Австралија, која забележа напади врз еврејски училишта, домови, возила и врз синагоги по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, како и по почетокот на војната во Газа.

Исламофобични инциденти во Австралија

Во истиот период, граѓанската организација „Исламофобик регистер“ регистрирала и пораст на исламофобични инциденти.

Веќе во јануари полицијата укажала дека истражува можност нападите врз објекти поврзани со Евреи да се диригирани од „странски актери или поединци“.

– Откритијата објавени во вторникот беа „длабоко вознемирувачки – рече Албанезе, опишувајќи ги двата инциденти како „исклучителни и опасни акти на агресија“.

Во вториот инцидент, неколку верници биле принудени да избегаат откако пожарот ја зафатил синагогата, изградена од преживеани од Холокаустот во 1960-тите.

Поврзани содржини