Австралија ги укинува рестриктивните мерки

Најавата на властите во Нов Јужен Велс се совпаѓа со наближувањето на летниот распуст и божиќните празници во Австралија.

371

Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска најави дека од понеделник ќе го укине ограничувањето на бројот на присутни за време на венчавки, во баровите и на верски собири, како и дека ќе биде повлечена забраната за работа на дискотеките, која беше воведена поради спречување на епидемиолошкиот бран.

Најавата на властите во Нов Јужен Велс се совпаѓа со наближувањето на летниот распуст и божиќните празници во Австралија.






Тоа претставува најголемо олеснување на рестриктивните мерки откако во март во целата земја стапи во сила вонредна состојба.

Поврзани содржини
na