Австралија ќе ја изолира Викторија

Смртта на двајца мажи, еден во неговите шеесетти години и еден 90-годишник, го зголеми вкупниот број на починати од ковид-19 на 106.

703

Силно погодената австралиската држава Викторија денес забележа два смртни случаи и најголемото дневно зголемување на случаи на коронавирусот од избувнувањето на пандемијата.

Затоа властите се подготвуваат да ја затворат границата со Нов Јужен Велс.






Смртта на двајца мажи, еден во неговите шеесетти години и еден 90-годишник, го зголеми вкупниот број на починати од ковид-19 на 106.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека од 127 нови случаи, 53 жители се разболеле на населбата во Мелбурн со девет солитери, чии 3.000 жители биле ставени во самоизолација од полицијата од саботата.

Тој изјави дека голем број случаи биле делумно резултат на рекорден број дневни тестови што надминувале 24.500.

Ендрјус објави дека државната граница со Нов Јужен Велс ќе биде затворена доцна вечерва, врз основа на договорот меѓу премиерот на двете земји и премиерот на Австралија, Скот Морисон.

Морисон претходно се спротивстави на државите кои ги затвораат своите граници едни со други.

Тоа ќе биде првпат од почетокот на пандемијата двете најнаселени држави во Австралија да ги затвораат границите.

Нов Јужен Велс претходно им забрани влез на граѓаните на одредени предградија на Мелбурн, кои беа изолирани еден месец во минатата недела, поради високите стапки на инфекција.

Гледис Берејклиан, премиер на најнаселената провинција во Австралија, Нов Јужен Велс, рече дека одлуката на нејзината влада да ја затвори границата со тешко погодената Викторија претставува нова фаза во епидемијата.

Таа ги критикуваше државите кои ги затворија своите граници кон граѓаните на Нов Јужен Велс кога Сиднеј, главниот град на државата и најголемиот австралиски град, имаше најголем број пациенти во земјата.

Таа изјави дека повеќето нови случаи во Мелбурн изминатите недели се со локален карактер, додека на друго место во Австралија, огромното мнозинство на случаи на инфекција се откриени кај луѓе кои пристигнале од странство.

– Она што се случува во Викторија сè уште не се случило никаде во Австралија. Тоа е нов дел од пандемијата и како такво бара нов вид на одговор – рече таа.

Поврзани содржини