ЈАВНОСТА ЗАСЛУЖУВА НАВРЕМЕНО ИНФОРМИРАЊЕ Кондовски им рече на новинарите слободно да му поставуваат прашања
Објективноста и навременото информирање се наш заеднички приоритет. Останувам отворен и достапен за сите новинарски прашања. Јавноста има право на тоа, рече Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ.
Отворената комуникација и транспарентноста кон медиумите се основа за добра комуникација со јавноста, рече денеска кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ, Христо Кондовски.
Тој им порача на новинарите дека останува отворен и достапен за сите новинарски прашања, бидејќи, како што рече, јавноста има право на тоа.
– Отворената комуникација и транспарентноста кон медиумите се основа за добра комуникација со јавноста. Со таа цел денеска остварив средба со битолските новинари. Објективноста и навременото информирање се наш заеднички приоритет. Останувам отворен и достапен за сите новинарски прашања. Јавноста има право на тоа – рече Кондовски.
Кандидатот за градоначалник на Битола се сретна и со битолските стопанственици, кои му ги предочија нивните потреби и интереси.
– На мое огромно задоволство, декеска сум помеѓу стопанствениците, да ги слушнам нивните предлози, идеи, проблеми, коишто сум ги споделувал досега, но и да слушнам од нив, да ги надополниме и се надевам дека ќе најдеме заеднички решенија. Стопанствениците се оние кои се двигател на локаланиот економски развој – рече Кондовски.