Јавноста гневна, запалени државни згради: Полицаец во Чиле уби уличен забавувач

433

Во јужниот дел на Чиле почнаа насилни протести по објавувањето видео снимки на кои се гледа како полицаец застрелува уличен забавувач.

 

Демонстрантите ги запалија државните згради во Пангуипули, а во главниот град Сантијаго, гневните граѓани излегоа на улиците, јави Би-Би-Си.






Министерот за внатрешни работи Родриго Делгадо го осуди подметнување пожари и рече дека по завршувањето на истрагата за пукањето, виновникот ќе биде изведен пред лицето на правдата.

 

Убиството на уличниот забавувач се случи во петокот, а протестите почнаа вчера.

Поврзани содржини