Јавно наддавање за обнова на опожарениот „Глобал“ на 13 февруари

326

Здружението на граѓани „Обнива Глобал“ Струмица информира дека спроведува постапки пред сите заинтересирани лица и пред пошироката јавност во С. Македонија за набавка со јавно наддавање, која ќе се одржи на ден 13 февруари во 19:30 часот.

Со спроведување на наведената постапка ќе се доделат договори за набавка на материјали и опрема како и за изведување на градежно и градежно=занаетчиски работи во ГТЦ „Глобал“ во врска со штетата предизвикана од пожарот кој се случи на втори јануари.






„Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица кои имаат интерес за учество на јавниот повик да достават писмено барање на email на здружението: [email protected] за запознавање со условите и заради добивање на сета потребна документација за учество на јавното наддавање, или да го контактираат претседателот на здружението Стојан Манев: 075/283-103“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини