ЈАВНИТЕ СКОПСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ПРЕД КОЛАПС! „Војната“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска мора да запре, порачуваат од Левица

Од Левица додаваат дека веќе две години Град Скопје е заложник на меѓусебната ,,војна" на ДПМНЕ и Арсовска, а резултатот е очигледен - хаос и колапс на градот во секоја сфера.

519

Веќе 6 месеци ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје не ги гласа Програмите за работа на јавните претпријатија под надлежност на Градот. Jавните претпријатија без овие програми не можат ништо да работат, реагираат од советничката група на Левица.

„Се поставува прашањето зошто и кому му оди во прилог инаетот што советничката група на ДПМНЕ во Град Скопје го води со актуелниот градоначалник, Арсовска? Градоначалникот како извршен орган не може и не смее да презема дејствија без одлука на Советот, а откако ВМРО-ДПМНЕ ,,се скара” со сопствениот кандидат за градоначалник, не дозволува во Советот на Град Скопје да биде донесена било каква одлука во корист на граѓаните, освен БУЏЕТОТ на Градот и одлуките за платен паркинг во трговските центри во Скопје“, велат од Левица.






Оттаму додаваат дека веќе две години Град Скопје е заложник на меѓусебната ,,војна” на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, а резултатот е очигледен – хаос и колапс на градот во секоја сфера.

„Иако ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во управните одбори на јавните претпријатија во Скопје, тоа не ги спречува истите одлуки кои нивните членови ги гласаат во управните одбори, советниците на ВМРО-ДПМНЕ да не ги гласаат во Советот на Градот Скопје“, реагираат советниците на Левица.

Поврзани содржини