Јавните личности ја поддржаа националната кампања „Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е!“ (ВИДЕО)

Во едноминутно видео, тие ги изразија своите лични ставови за вакцините, но и споделија емотивни сведоштва за нивните искуства со глобалната здравствена пандемија.

531

Десетици јавни личности од државава ја поддржаа големата национална кампања за вакцинација чија порака гласи „Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е!“

Во едноминутно видео, тие ги изразија своите лични ставови за вакцините, но и споделија емотивни сведоштва за нивните искуства со глобалната здравствена пандемија.






Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, професор д-р Никола Пановски, тренерот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски- Мрме, актерките Лабина Митевска и Амернис Нокшиќи, дел од актерите од Преспав, свештени лица од христијанска и муслиманска вероисповед, едногласно посакаа населението да се вакцинира во што е можно поголем број, заради стекнување на колективен имунитет и конечно надминување на кризата предизвикана од ковид-19.

Кампањата за подигнување на јавната свест за вакцинација е поддржана од Делегацијата на ЕУ, Стопанската Комора, Стопанска Банка, многубројни медиуми и други организации.

Поврзани содржини