Јавниот обвинител тврди дека финансиската полиција бара истрага за „фризерницата“ на Димова и за уште три кривични дела
Финансиска полиција најави, а во меѓувреме мислам дека е и доставена пријава до обвинителството за случајот со Лидија Димова, рече јавниот обвинител Љубомир Јовески во емисија на телевизија 24.
Јовески рече дека станува збор за четири казнени дела од кои според пријавата за две се сомничи дека ги направила самата директорка на Националната агенција за европски образовни програми, а во другите две учествувале и други лица.
– Основот на казнените дела е злоупотреба на службената дејност – рече Јовески.
Јавниот обвинител посочи дека во пријавата е опфатен веќе познатиот случај „фризерница“, а спомена и дека има и други случаи.
– Мислам дека има и за извлекување на 15 илјади евра од касата на Агенцијата и уште некои други – рече Јовески.