ЈАВНИОТ ДОЛГ Е 55,4% Во процедура е задолжување од 50 милиони евра

Задолженоста на државата на 30 јуни е 55,4 отсто јавниот долг и 46,7 отсто државниот долг, што значи дека ние сме под Мастришкиот критериум од 60 отсто и тоа во услови на корона криза, продолжена економска и енергетска криза и војна во Украина, вели Ковачевски.

81

Со Министерството за финансии имаме определба да водиме исклучително одговорна политика за јавниот долг и затоа тој во овој момент е 55,4 отсто, вели премиерот Димитар Ковачевски.

– Задолженоста на државата на 30 јуни е 55,4 отсто јавниот долг и 46,7 отсто државниот долг, што значи дека ние сме под Мастришкиот критериум од 60 отсто кој во услови на корона криза, продолжена економска и енергетска криза и војна во Украина веќе голем дел од државите го имаат надминато, и во соседството, освен Бугарија, а некои го имаат надминато и за повеќе од два пати – рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција.






Премиерот, во однос на меѓународното и домашното задолжување, потсети дека веќе има 100 милиони евра кредит за поддршка на ликвидноста на Електростопанство, со оглед на енергетската криза, како и дека е во процедура задолжување од 50 милиони евра заради пониските каматни стапки во однос на различните кредитори.

На прашање за издавањето еврообврзница и дали ќе се оди со други начини на финансирање, тој посочи дека се испитуваат сите опции на дневно ниво, со оглед на ранливоста на финансиските пазари на исклучително високото ниво на каматни стапки во изминатиот квартал. Секторот за меѓународни финансиии во Министерството за финансии работи на дневно ниво, а задолжувањето ќе биде од извори кои овозможуваат поголема рочност и најниско можно ниво на каматните стапки.

– Се работи дневно, од различни извори на финансирање сѐ со цел да се добие најниска каматна стапка во моментов – рече Ковачевски.

Поврзани содржини