„Јавна соба“ во балканска верзија, фрчат слики и адреси на жени

Групата работи така што членовите пишуваат од каде се, па чекаат некој од другите членови на групата да им испрати слики, контакти, па дури и адреси на девојки од тоа место.

2,798

Непосредно пред Меѓународниот ден на жената, се појави веста дека има група на апликацијата за комуникација на Телеграм во која има 36.000 мажи од Балканот (ЕКС-ЈУ БАЛКАНСКА СОБА), во која мажите споделуваат експлицитни фотографии, снимки, но и адреси на жени од оваа област. Очигледно е дека ова е одмаздничка порнографија, објави „Нова.рс“.

Групата работи така што членовите пишуваат од каде се, па чекаат некој од другите членови на групата да им испрати слики, контакти, па дури и адреси на девојки од тоа место.






Инстаграм страницата „Критички“ дозна за постоењето на оваа група, со која контактирала загрижена жена, со сомневање дека во рамките на групата се споделувале фотографии и снимки од малолетнички, како и дека многу жени биле загрозени со откривање на нивниот идентитет и место на живеење.

Групата во меѓувреме е избришана.

 

Во меѓувреме, допишувањето на мажите во групата се појави и на Твитер.

 

Корисник на Твитер кој откри како изгледа групата Телеграм веднаш потоа доби закани.

 

 

И тогаш таа откри друга група со слична содржина, чија тема се исклучиво девојки од Ниш, а во неа членуваат скоро 25.000 членови.

 

Поврзани содржини