АВМУ: Казни за радиодифузерите кои ќе пуштаат политички спотови во кои има деца

Воедно ги повикуваме учесниците во изборната кампања да го усогласат нивното платено политичко рекламирање со законите - велат од Агенцијата.

190

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување од кампањата за Предвремените парламентарни избори 2020 година повторно констатираше дека одредени телевизии емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) во кое има малолетници, што е спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик.

– Имајќи предвид дека радиодифузерите се одговорни за законитоста на содржините кои ги емитуваат, Агенцијата предупредува дека, од утре, секое емитување на ППР во кое има малолетници ќе биде предмет на прекршочна постапка – се вели во соопштението на АВМУ






За да се избегнат ваквите случаи, апелираме радиодифузерите внимателно да ги прегледуваат сите содржини, а оние кои не се во согласност со Изборниот законик и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да одбијат да ги емитуваат.

Поврзани содржини