АВМУ ГИ ОСУДИ ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА НА АЛСАТ-М Се бара брзо разрешување на случајот

111

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ги осудува експлицитните закани упатени кон новинарката на ТВ Алсат-М, Рита Бехадини, од страна на физичко лице на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Неопходно е новинарите и медиумските работници да ја вршат својата работа непречено, без какви било заплашувања и притисоци. Заканите по живот, вклучително и оние на социјалните мрежи претставуваат кривично дело и надлежните органи треба да дејствуваат во насока на брзо разрешување на случајот и изрекување соодветни санкции“, се наведува во реакцијата од АВМУ.

Поврзани содржини