📽АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО САД Загинаа сенаторот Ларсен и неговото семејство

Авионот се урнал во неделата навечер веднаш по полетувањето од аеродромот Кањонлендс, на околу 15 милји северно од Моаб, се вели во соопштението објавено на Фејсбук од Канцеларијата на шерифот на округот Гранд.

2,944

Сенаторот од Северна Дакота, Даг Ларсен, неговата сопруга и нивните две мали деца загинаа кога малиот авион со кој патуваа се урна во Јута, јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на изјава на претставник на Сенатот.

Смртта на Даг Ларсен беше потврдена денеска во е-пошта испратена од лидерот на мнозинството во Сенатот Дејвид Хог до неговите колеги сенатори.






Авионот се урнал во неделата навечер веднаш по полетувањето од аеродромот Кањонлендс, на околу 15 милји северно од Моаб, се вели во соопштението објавено на Фејсбук од Канцеларијата на шерифот на округот Гранд.

Канцеларијата на шерифот соопшти дека загинале сите четири лица во авионот.

Поврзани содржини