АВИОН СЛЕТАЛ СО МРТОВ ПАТНИК Маж починал за време на летот од Њујорк до Белград

2,670

Патник починал за време на летот од Њујорк до Белград, јавуваат српските медиуми.

Станува збор за маж кој починал од природна смрт, а се претпоставува дека причина се проблеми со срцето.






Откако авионот слетал на аеродромот „Никола Тесла“, веднаш била известена полицијата, а за време на летот, а еден час пред слетувањето, за несреќата биле известени итните служби.

По слетувањето, лекарите можела само да ја констатира смртта на патникот.

Авионот на „Ер Србија“ од Њујорк денеска околу 11 часот слета во Белград, а веднаш по слетувањето биле известени сите надлежни органи за ненадејната смрт на патникот, потврдија за медиумите надлежните од авиокомпанијата.

Поврзани содржини