Авионот на Меси двапати принудно слетувал во Брисел

Авионот слетал на аеродромот „Жавентем“ во главниот град на Белгија, пренесува „Sun“.

620

Приватниот авион на Лионел Меси, вреден 11 милиони фунти, морал итно да слета на аеродромот во Брисел поради дефект.

Авионот полетал од Тенериве на Канарските острови, а додека летал му се случил дефект и морал да биде итно приземјен. Авионот слетал на аеродромот „Жавентем“ во главниот град на Белгија, пренесува „Sun“.






Слетувањето во Брисел се случило утринава во 9.10 часот, а за само час и половина повторно полетал. Сепак, за само 43 минути повторно се вратил на аеродромот во Брисел.

Засега нема информации кој бил во авионот.

Поврзани содржини