📽️ АВИОНОТ НА ЛУЛА СО ЧАСОВИ БИЛ „ЗАРОБЕН“ ВО ВОЗДУХ Леталото бразилскиот претседател по драмата слета во Мексико Сити

Авионот полета вчера попладне по инаугурацијата на мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, но имаше технички проблеми по заминувањето од Мексико Сити.

283

Авионот со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва кој требало да го врати во Бразилија, безбедно слетал на аеродромот во Мексико Сити откако кружеше со часови поради технички проблеми.

Бразилското воено воздухопловство го потврди безбедното слетување на Ербас А319 во 19:16 часот по локално време, откако четири часа кружеше околу аеродромот.






– Слетавме и сите се добро – изјави бразилскиот прес секретар Хозе Криспиниано за АП.

 

Авионот полета вчера попладне по инаугурацијата на мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, но имаше технички проблеми по заминувањето од Мексико Сити.

Извор, кој сакаше да остане анонимен и кој беше во авионот, рече дека бразилскиот претседател бил мирен, но загрижен за време на летот, во кој се превезувале 16 лица, меѓу кои и првата дама Росангела Лула да Силва, членови на кабинетот, пратеници и членови на екипажот.

Лула пристигна во Мексико во неделата и имаше средба со поранешниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Бразилските медиуми објавија дека членовите на персоналот на Лула во авионот веруваат дека техничкиот проблем бил предизвикан од птица што удрила во авионот.

 

Протоколот по ваков проблем бара пилотите да летаат блиску до аеродромот.

Во јануари, авионот со безбедносниот тим на Лула не можеше да полета откако наиде на технички проблем за време на патувањето во североисточната бразилска држава Параиба.

Поврзани содржини