📷 АВИОНИТЕ НЕ МОЖАТ ДА СЛЕТААТ НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД, КРУЖАТ НАД СМЕДЕРЕВО Силно невреме ја зафати Србија
Станува збор за летови од Виена и од Анкара, кои кружат над Смедерево, а стигнале и до централните делови на Србија.
Силно невреме проследено со грмотевици го зафати Белград, поради што два авиона веќе подолго време не можат да слетаат на аеродромот „Никола Тесла“.
Станува збор за летови од Виена и од Анкара, кои кружат над Смедерево, а стигнале и до централните делови на Србија.
Да потсетиме, невремето проследено со грмежи и пороен дожд ја зафати цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиле над главниот град.
Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и ветер. Србија е под влијание на циклон и студен фронт, кои носат посериозна промена на времето, со дожд, поројни врнежи и грмежи.