Авионите на „Јунајтед Ерлајнс“ започнаа да ја доставуваат вакцината на „Фајзер“

За да ги изврши испораките, авиокомпанијата побара од Сојузната управа за воздухопловство на САД (ФАА) дозвола за транспорт на 6,8 тони сув мраз, што е пет пати повеќе од дозволеното со закон.

872

Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ во петокот започна да доставува вакцина против коронавирус произведена од фармацевтската компанија „Фајзер“ во магацините во САД и Европа, објави „Волстрит журнал“.

Според весникот, „Јунајтед ерлајнс“, во соработка со „Фајзер“, започнале испораки на вакцината со карго чартер летови. Во моментов вакцините се носат во магацините во американската држава Мичиген и во Белгија. Подоцна испораките се планираат во Висконсин и Германија.






За да ги изврши испораките, авиокомпанијата побара од Сојузната управа за воздухопловство на САД (ФАА) дозвола за транспорт на 6,8 тони сув мраз, што е пет пати повеќе од дозволеното со закон. Мразот е потребен за да се одржи температурата многу ниска, така што вакцината може да се чува безбедно.

Поврзани содржини