АВИОНИТЕ ДАДЕНИ НА УКРАИНА ЌЕ ГО ЕСКАЛИРААТ КОНФЛИКТОТ Руска реакција за донацијата од Холандија и Данска
Данска сака со своите постапки и зборови да покаже дека Украина нема друг избор освен да го продолжи воениот конфликт со Русија - изјави рускиот амбасадор во Данска.
Русија ја осуди одлуката на Данска и Холандија да донираат борбени авиони Ф-16 на Украина, предупредувајќи дека тоа ќе доведе до ескалација на конфликтот.
– Фактот што Данска сега одлучи да донира 19 авиони Ф-16 на Украина води кон ескалација на конфликтот. Криејќи се зад премисата дека Украина самата мора да ги одреди условите за мир, Данска сака со своите постапки и зборови да покаже дека Украина нема друг избор освен да го продолжи воениот конфликт со Русија – изјави рускиот амбасадор Владимир Барбин, пренесоа данските медиуми.
Данска и Холандија вчера објавија дека ќе ѝ дадат на Украина авиони Ф-16. Првите шест авиони ќе бидат испорачани околу Нова година.