АВИОН СЛЕТАЛ ВО ТИРАНА НАМЕСТО ВО ОХРИД Силното невреме им правело проблеми на пилотите
Авион од компанијата „Визер“ кој полета од Малме, Шведска, не можеше да слета на охридскиот аеродром „Св. Петар и Павле“ и беше пренасочен и слета во Тирана.
Невремето кое го зафати охридскиот регион, проследено со силни врнежи на град, предизвика проблеми и во редовниот авио сообраќај.
Па така, авион од компанијата „Визер“ кој полета од Малме, Шведска, не можеше да слета на охридскиот аеродром „Св. Петар и Павле“ и беше пренасочен и слета во Тирана.
Претходно аионот кружеше над Охрид и Струга речеси два часа.