АВИОН СЕ ЗАГЛАВИ ПОД НАДВОЗНИК ВО ИНДИЈА Некој го купил, па го влечел без крилја (ВИДЕО)
Ова е нерегистриран, амортизиран авион на „Ер Индија“ кој е продаден. Го транспортираа новите сопственици. „Ер Индија“ нема никаква врска со овој настан, објаснуваат од компанијата на Твитер.
Авион на „Ер Индиа“ наеднаш се заглави под мост-надвозник во градот Делхи, а неверојатна снимка покажува дека му биле отстранети крилата и дека некој некаде го носел, пишува Би-Би-Си. Се шпекулира дека станува збор за отпишан авион што компанијата го продала и бил влечен по градските улици од новиот газда.
Видете го урнебесниот настан. Некој лошо ја проценил висината на надвозникот.
#WATCH An @airindiain plane ✈️ (not in service) got stuck under foot over bridge. Can anyone confirm the date and location?
The competition starts now👇 pic.twitter.com/pukB0VmsW3— Ashoke Raj (@Ashoke_Raj) October 3, 2021
– Ова е нерегистриран, амортизиран авион на „Ер Индија“ кој е продаден. Го транспортираа новите сопственици. „Ер Индија“ нема никаква врска со овој настан – објаснуваат од компанијата на Твитер.
А познато е дека отстранувањето на крилјата на авионот е стандардна процедура кога станува збор за транспорт на отпишани авиони.
Претставници од аеродромот во Делхи за локалните медиуми изјавија дека авионот „сигурно не припаѓа на флотата што може да се види на тој аеродром“ и дека најверојатно е вина на возачот кој управувал со камионот. ека авионот веќе не е на „Ер Индија“ на Твитер потврди и новинарот Ашоке Рај, специјализиран за авијација и воздушен транспорт.