АВИОН СЕ УРНА ВО БЛИЗИНА НА ЗАГРЕБ Се трага по четворица членови на екипажот

Станува збор за помал спортски, тренинг или туристички авион кој се урна во реонот на аеродромот во Јеждовац.

387

Авион се урна во саботата попладне во близина на Загреб, јавува хрватскиот портал 24сата.

Станува збор за помал авион кој се урна во реонот на аеродромот во Јеждовац.  Како што наведуваат хрватските медиуми,  најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион.






Неофицијално, во авионот имало четворица членови на екипажот.

На местото на несреќата е испратена брза помош, како и пожарникари.

Поврзани содржини