Авион се сруши врз зграда во Грција

Според грчките медиуми, повреден е само пилотот на авионот, а причините за несреќата засега се непознати. 

931

Мал едномоторен авион кусо по 9 часот утрово, падна врз зграда во село во близина на грчкиот град Серес, без да има жртви, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, повреден е само пилотот на авионот, а причините за несреќата засега се непознати.

Поврзани содржини