📷 📽️ АВИОН СЕ ЛИЗНА ОД ПИСТА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ Драма на аеродром во Литванија

Во моментот на слетувањето во авионот имало 63 патници и четири члена на екипажот, а аеродромот бил привремено затворен поради инцидентот.

196

Авион управуван од полската авиокомпанија Лот Полиш се лизна од пистата при слетување на аеродромот во Вилнус во Литванија. За среќа, нема повредени патници или членови на екипажот.

Патниците беа евакуирани од авионот веднаш по слетувањето. Во моментот на слетувањето во авионот имало 63 патници и четири члена на екипажот, а аеродромот бил привремено затворен поради инцидентот.

 






Во Вилнус имало многу снег, за кој се сомнева дека е причина за лизгањето. Додека аеродромот бил привремено затворен, сите летови биле пренасочени кон блиските аеродроми.

 

Поврзани содржини