Авион од Берлин вечерва тргнува по Навални
Навални ќе биде префрлен во Берлин утре наутро, ако неговата состојба дозволува транспорт.
Авион на итна помош со тим специјалисти за пациенти во кома вечерва ќе тргне од Германија по рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кој се наоќа во болница во Омск, изјави за Билд активистот за човекови права од Берлин Јака Бизиљ.
Тој соопштува дека Навални ќе биде префрлен во Берлин утре наутро, ако неговата состојба дозволува транспорт. Ќе го следи неговата сопруга.
Рускиот опозициски лидер Навални е на одделението за интензивна нега во сибирската болница во Омск, во бесознание и на респиратор, откако, според неговата портпаролка, утринава бил отруен. Тој падна во бессознание на летот од Томск за Москва, пред кој се напил само чај. Авионот принудно слета за да биде пренесен во болница.
Претходно и претседателот на Франција Емануел Макрон понуди медицинска помош и азил за Навални, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави сека САД ја следат состојбата со рускиот опозиционер.
Авикомпанијата со која летал Навални соопшти дека тој во авионот ниту јадел нешто ниту пиел.