АВИОН ОД БАЗЕЛ КРУЖИ НАД СКОПЈЕ Невремето го одложува слетувањето

Иако видливоста е оценета како добра, на 3.000 стапки се бележат грмежливи облаци, додека на 6.500 стапки има расеани облаци, што дополнително ја отежнува ситуацијата.

2,002

Патнички авион на лет од Базел кон Скопје веќе извесно време кружи над македонскиот главен град, откако поради нестабилни временски услови не може да слета на скопскиот аеродром.

Според најновите податоци од метеоролошката станица на аеродромот „Меѓународен Аеродром Скопје“, во 15:20 часот е регистрирано нестабилно време со појава на грмежи, засилен северен ветер и локален дожд. Ветерот дува со брзина од 11 јазли од северен правец (340°), а повремено достигнува и 15 јазли со променлива насока.






Иако видливоста е оценета како добра, на 3.000 стапки се бележат грмежливи облаци, додека на 6.500 стапки има расеани облаци, што дополнително ја отежнува ситуацијата.

Поради овие метеоролошки услови, авионот моментално е во воздушен кружен режим и чека дозвола за безбедно слетување штом се подобрат условите.

Поврзани содржини