Авион на авиокомпанијата „Визер“, кој вчера полетал од скопскиот аеродром кон Базел, бил принуден итно да се врати и слета на Меѓународниот аеродром Скопје, откако удрил во јато птици веднаш по полетувањето, пишува порталот „24 инфо“.
Судирот предизвикал оштетување на еден од моторите на авионот.
Станува збор за летот на релација Скопје – Базел, кој по кратко време во воздух се вратил назад, а слетувањето поминало без последици по патниците и по екипажот.