АВИОН НА ЛУФТХАНЗА ПРИНУДНО СЛЕТА ВО ЗАГРЕБ Откажал моторот, за малку избегната трагедија
Екипажот на авионоткој бил на лет од Тел Авив за Франкфурт, прогласил вонредна состојба во воздушниот простор на Босна и Херцеговина и побарал од контролата на летање да се пренасочи кон Загреб.
Авион Ербас А321 НЕО на германскиот превозник Луфтханза на лет од Тел Авив до Франкфурт утрово принудно слета на аеродромот во Загреб.
Екипажот на авионот прогласил вонредна состојба во воздушниот простор на Босна и Херцеговина и побарал одконтролата на летање да се пренасочи кон Загреб, пренесува Авиорадар.
Како што дознава Авиорадар, при летот на височина од 36.000 стапки (11.000 метри), дошло до дефект на моторот што се наоѓа на десното крило на авионот, поради што тој се исклучил. Станува збор за моторите на Pratt & Whitney, модел PW1000G.
Итната помош го пречекала авионот на аеродромот во Загреб, но немало потреба од нивна интервенција, информираат хрватските медиуми.