Авиокомпаниите прават апликација за патници со податоци за корона тест и вакцинација

Целта на апликацијата е да ги поштеди патниците од пропишаната обврска за карантин, што е голема пречка за меѓународните патувања.

408

Авиокомпаниите низ целиот свет се надеваат дека ќе ја надминат кризата со коронавирусот со воведување на дигитални здравствени картички за патниците кои во мобилните телефони ќе чуваат податоци за тестирање на коронавирус и за вакцинација.

Картичките ќе бидат тестирани во наредните недели од страна на Бритиш Ервејз и други превозници, а ќе се издаваат во првиот квартал од следната година, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) со седиште во Женева.






Целта на апликацијата е да ги поштеди патниците од пропишаната обврска за карантин, што е голема пречка за меѓународните патувања.

Податоците за здравјето на патниците ќе бидат зачувани само на нивните мобилни телефони, а не во централниот регистар, нагласи ИАТА.

– Нашата цел е економичен и едноставен, ефикасен и безбеден систем што ќе ја исполни оваа важна задача, изјави генералниот директор на ИАТА, Александре де Јунијак на прес-конференција.

ИАТА ги повика владите да се подготват за воздушна испорака на вакцините против Ковид-19 ширум светот, што вклучува набавка на опрема за ладење, отстранување на бирократски пречки и забрзани гранични формалности.

Работниците во авијацискиот сектор треба да бидат вклучени во приоритетните листи за имунизација за да можат да превезуваат вакцини преку границите, нагласи Де Јунијак.

Бројот на авионски патници се намали од минатогодишните 4,5 милиони на 1,8 милиони годинава, соопшти ИАТА.

Асоцијацијата проценува дека компаниите имаат акумулирано загуби од 118,5 милијарди долари поради пандемијата.

Поврзани содржини