ЈАВИ СЕ, ЗАКАЖИ ТЕРМИН И ЌЕ ГО ЗЕМАТ ОД ДОМА Во Кисела Вода бесплатно ќе се собира кабастиот отпад

Нашата цел е создавање и одржување на чиста и здрава животна средина. Повеќе нема простор за изговори бидејќи услугата е бесплатна, а отпадот се подигнува од дома“, велат од Општина Кисела Вода кои упатуваат апел до жителите да ја искористат можноста и да бидат дел од уште една акција на општината.

912

Општина Кисела Вода ќе спроведе нова акција за бесплатно подигање кабаст отпад од пред домаќинствата или колективните згради. Од 03 мај до 11 мај во сите месни и урбани заедници на општината ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го подигаат кабастиот отпад. За да се искористи оваа бесплатна услуга, потребно е да се закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 26.04.2023 до 02.05.2023 година.

– Граѓаните кои сакаат да им биде подигнат и одложен кабастиот отпад треба да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период. Потоа, нашиот тим за собирање отпад ќе ги подигне предметите, во денот што е претходно договорен со службите и ќе го транспортира на локација предвидена за ова намена – се вели во соопштението од Општина Кисела Вода.






Акцијата ќе се спроведе како дел од стратегијата за одговорен однос кон граѓаните и заштита на животната средина.

– Грижата за нашата општествена заедница мора да биде заедничка. Нашата цел е создавање и одржување чиста и здрава животна средина. Повеќе нема простор за изговори бидејќи услугата е бесплатна, а отпадот се подигнува од дома – велат од Општина Кисела Вода, упатувајќи апел до жителите да ја искористат можноста и да бидат дел од уште една акција на општината.

Поврзани содржини