ЈАВИ СЕ, НЕ СЕ КРИЈ, ТИ КУПИВ ВЕНТИЛ-КАПИЦИ! Мајка преку Фејсбук го бара „јунакот“ што го помодрел од ќотек нејзиниот 8-годишен син

Мајката пријавила во полиција, но оттаму немало реакција, како ни од директорката на училиштето, па затоа таа заклучува дека нејзиното дете го истепан „некој битен“.

3,539

Револтирана мајка на претепано 8-годишно дете во основно училиште во Кичево објави на Фејсбук дека полицијата не сакала да реагира на нејзината пријава за насилство врз дете, ниту дошла во училиштето да ги прегледа снимките од видео-надзорот, кои подоцна исчезнале, a незаинтересирано реагирала и директорката на училиштето.

Мајката Маја Дукоска вели дека нејзиниот син бил претепан од непознато возрасно лице во училиштето, и задржано на училиште, наводно затоа што детето извадило капачиња за вентили од точак. Таа вели дека детето имало модринки и отоци од суровото тепање, а ниту служителите ниту наставниците не сакале да откријат кој бил човекот што го тепал детето.






Мајката тврди дека тепањето било сурово, траело повеќе од половина час, детето било влечакано 200-300 метри низ дворот, а потоа непознатиот му се заканувал да не одговара на телефонските јавувања и да не кажува никому. Таа е револтирана што ниту полицијата ниту училиштето не реагирале на нејзините пријави за физички напад врз дете.

„Затоа мислам дека си некој битен, ама сепак те замолувам да се видиме оти имам едно пакетче вентил-капици за тебе, оти за истите си го шамарал, боксувал и клоцал син ми. Се надевам дека ќе се запознаеме“ – пишува мајката во објавата.

Под нејзинато објава револтирани граѓани ѝ советуваат на мајката да пријави во МВР во Скопје „затоа што во Кичево нема закон“  и во Детската амбасада „Меѓаши“.

Поврзани содржини