Јавен повик за чартер летови од Малта и од Загреб за граѓаните да се вратат дома
Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до Македонија.
Крајниот рок за организарање на летовите треба да биде до 27.03.2020 година (петок) до 12 часот.
Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до Македонија.
Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена. Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор.
Понудите да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: [email protected].
Јавниот повик ќе трае 12 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на владата, односно понудите да се достават најдоцна до 25.03.2020 година до 22 часот.
Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и владата во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на владата и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување во Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.
Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.
Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор.
Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:
Назив на примач:
Буџет на Република Северна Македонија
Транс.сметка 100 000000063095
Сметка на корисник 630010001963019
Приходно конто 725939 00
Во цел на дознака: Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.
Договорот помеѓу патниците и владата, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на владата има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна.