АУТИЗМОТ ИМА И СВЕТЛИ СТРАНИ Денеска е Светски ден на нарушувањата од аутистичен спектар, па потсетуваме на дел од нашите приказни
Аутизмот или нарушувањата од спектарот на аутизмот се однесува на широк опсег на состојби кои се карактеризираат со нарушувања во социјалните вештини и комуникацијата, повторувачко однесување, промени во говорот и невербална комуникација. Потсетуваме на дел од приказните за лица со аутизам кои досега сме ги објавиле на нашиот портал, меѓудругите и на онаа најубавата и најоптимистичната, онаа за кочанчанката Царе Манчева
Светскиот ден на аутизмот се одбележува на 2 април. Целта на одбележувањето на овој датум е да се помогне и да се зголеми разбирањето за луѓето со аутизам, давајќи им поддршка ширум светот.
Аутизмот или нарушувањето на спектарот на аутизмот се однесува на широк опсег на состојби кои се карактеризираат со нарушувања во социјалните вештини и комуникацијата, повторувачко однесување, промени во говорот и невербална комуникација.
Низ годините сме објавиле повеќе приказни кои ни ги прераскажале родители на деца со аутизам и сите тие се различни, секоја од нив е приказна за себе. На пример, онаа за тогаш дваесетгодишниот Илија, кому никогаш не му ја одредиле точната дијагноза, ниту пак му ја погодиле вистинската терапија, кој живееше со својата мајка и со глува и слепа баба во семејниот дом, заедно со вујкото, вујната и нивните 18-годишни близнаци. Не зборува, ниту пак знае да комуницира на друг начин, а најголемиот проблем на неговата мајка (Елизабета Спасовска) е тоа што не може да го остави сам ниту една секунда. Илија е насилен – кон самиот себе. Онаа за битолчанчето Лука кој сега има веќе 12 години, а која ни ја раскажа неговата мајка Ирена Николовска Ристановска, потоа онаа за Адам, чија мајка Аниса Ејуп Беќировиќ Трпчевска напиша и цела книга насловена како „Јас и аутизмот – Водич за преживување за родители на деца со аутизам и посебни потреби“.
Целиот текст побарајте го на порталот „Мајка и дете“.