АУРОРА КАКВА ШТО НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ ДОСЕГА Астронаутот на НАСА има посебна перспектива (ВИДЕО)

„Апсолутно нереално“, твитна астронаутот на НАСА Џош Касада на 28 февруари заедно со прекрасната фотографија од зелените поларни зрачења кои се вртат околу северните географски широчини на Земјата.

140

Кога ќе се погледнат од површината на Земјата, аурорите се исклучително воодушевувачки, но кога ќе ги видите од вселената, од перспектива на астронаут, тогаш тие стануваат сензација.

Апсолутно нереално“, твитна астронаутот на НАСА Џош Касада на 28 февруари заедно со прекрасната фотографија од зелените поларни зрачења кои се вртат околу северните географски широчини на Земјата. Касада ја снимил сликата од Меѓународната вселенска станица, која орбитира на околу 400 километри над Земјата.






Додека етерично зелениот сјај на феноменот Аурора Бореалис може да му изгледа познато на секој кој ја видел поларната светлина на фотографии или во живо, уникатната гледна точка на астронаутот Касада открива колку тоа може да биде неверојатен феноменот, кој се протега на стотици и илјадници километри околу половите на планетата.

Поврзани содржини