АТЛЕТИЧАРОТ ДАРИО ИВАНОВСКИ ЗАВРШИ НА 58 МЕСТО ВО ТОКИО Златниот медал го освои Алфонс Феликс Симбу од Танзанија
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го освои 58. место на Светското првенство во атлетика кое се одржува во Токио, Јапонија.
Ивановски патеката ја помина со време два часа, 26 минути и 31 секунда.
На Мундијалскиот маратон учествуваа 90 маратонци од кои 66 поминаа низ целта.
Златниот медал го освои Алфонс Феликс Симбу од Танзанија (2:09.48 часа), среброто е за Аманал Петрос од Германија (2:09.48), додека бронзениот медал му припадна на Илиас Ауани од Италија (2:09:53).