Атлетичарите на подготовки во Црна Гора за претстојното Европско првенство
Деветчлената експедиција во идеални услови ќе се подготвува во Црна Гора до 2 мај, а ден претходно ќе учествуваат и на традиционалниот атлетски митинг во Бар.
Црногорскиот град Бар е тренинг кампот на десет македонски атлетичари и атлетичарки, кои се подготвуваат на Јадранското крајбрежје за претстојните европски првенства закажани за мај и јуни.
Како што соопшти денеска Македонската атлетска федерација, деветчлената експедиција во идеални услови ќе се подготвува во Црна Гора до 2 мај, а ден претходно ќе учествуваат и на традиционалниот атлетски митинг во Бар.
„Подготовките се реализираат со цел подобрување на формата на атлетичарите за претстојното Европско првенства во фрлачки дисциплини, кое ќе се одржи на 8 и 9 мај во Сплит, како и Европското екипно првенство закажано за 19 и 2о јуни во Лимасол“, соопшти Федерацијата.