АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ НЕ БИЛ СЛУЧАЕН Телохранителот на Милошевиќ тврди дека имало план за враќање на Македонија во Југославија

За потсетување ден пред атентатот Глигоров беше во Белград на средба со Милошевиќ. Детали за средбата никогаш не беа соопштени, пренесува Мондо.

6,497

Поранешниот телохранител на Слободан Милошевиќ, Горан Пајиќ, откри непознати детали поврзани со атентатот на поранешниот претседател на Македонија Киро Глигоров.

Според неговите тврдења Глигоров, се договорил со Слободан Милошевиќ дека Македонија да биде дел од новата Југославија. Набрзо потоа беше организиран и атентатот на Глигоров кој го преживеа обидот за атентат.






За потсетување ден пред атентатот Глигоров беше во Белград на средба со Милошевиќ. Детали за средбата никогаш не беа соопштени, пренесува Мондо.

– Кога во 1995 година беше убиен Киро Глигоров, пред тоа имаше тајна средба во Белград со Слободан Милошевиќ и се договорија Македонија да биде дел од новата Југославија. Меѓутоа, очигледно тоа некому не му одговараше, па организираа побрзо и подобро убиство. од него сè за вакви работи се решава во дел од секундата“, изјави Пајиќ во емисијата „Добро утро Србија“ – објави Мондо.

Поврзани содржини