АТЕНТАТОРОТ НА ТРАМП ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Рајан Раут сам се бранеше на судењето
Судијата ја оцени акцијата на Раут како сериозна закана за јавната безбедност и донесе доживотна казна без право на условно ослободување.
Педесет и деветгодишниот Рајан Раут е осуден на доживотен затвор за обид за убиство на поранешниот американски претседател и претседателски кандидат Доналд Трамп, на голф терен во Флорида, помалку од два месеца пред претседателските избори во 2024 година.
Во септември минатата година, Раут беше прогласен за виновен за пет кривични дела на судење на кое сам се бранеше. По пресудата, тој се обиде да се прободе со пенкало во вратот, но беше брзо изведен од судницата.
Рајан Раут беше уапсен откако агент на Тајната служба забележал цевка од пушка која штрчела од грмушка. Раут пукал кон агентот и се обидел да избега, но наскоро бил фатен.
– Злосторствата на Раут несомнено заслужуваат доживотна казна затвор. Тој презеде чекори да го убие еден од главните претседателски кандидати, покажа волја да убие секого на патот и оттогаш не изрази ниту жалење, ниту каење кон своите жртви – вели судијката Ајлин Канон.
Овој обид за атентат се случи само два месеца по друг инцидент, кога Трамп беше лесно ранет на митинг во Батлер, Пенсилванија. Во таа прилика загина едно лице, а напаѓачот Томас Крукс беше убиен од полицијата.