АТЕНТАТОРОТ НА ФИЦО НЕ ДЕЈСТВУВАЛ САМ? Нови сознанија за нападот во кој беше ранет словачкиот премиер

Содржината на Фејсбук страницата на напаѓачот Јурај Цинтула била избришана додека тој бил во полициски притвор и во тоа време немал пристап до неа.

1,356

Постојат индиции дека напаѓачот Јурај Цинтула кој сериозно го рани словачкиот премиер Роберт Фицо во нападот во средата не дејствувал сам, изјави словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток за новинарите во Братислава.

– Составивме истражен тим кој исто така ќе работи на верзијата дека не се работи за волк-самотник – рече Ешток.






Една од индициите кои ја свртеа истрагата во друга насока е содржината на Фејсбук страницата на напаѓачот која била избришана додека тој бил во полициски притвор.

Тој самиот немал пристап до страницата во тоа време.

Фицо е надвор од животна опасност по атентат во средата, изјави претходно во неделата министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за новинската агенција ТАСР.

Напаѓачот се обидел да го убие премиерот во нападот во местото Хадлова, во она што словачките власти го нарекуваат политички мотивирано злосторство.

Поврзани содржини