АСУС НАЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД РУСИЈА Тајванскиот технолошки гигант ќе ги повлече и работниците
Технолошките компании како „Епл“ и „Дел“ веќе објавија дека ја прекинуваат работата во Русија, а „Интел“ и „АМД“ ги прекинаа испораките во земјата.
Тајванскиот производител на компјутерски хардвер – АСУС ја разгледа можноста за евакуација на работниците и деловните субјекти од Русија, изјави тајванскиот министер за економија Ванг Мејхуа.
– Пред сѐ, АСУС можеби ќе размисли за евакуација на своите работници и бизниси од Русија – рече Мејхуа, коментирајќи ги повиците од Украина до компанијата да ги прекине односите со Русија.
Технолошките компании како „Епл“ и „Дел“ веќе објавија дека ја прекинуваат работата во Русија, а „Интел“ и АМД ги прекинаа испораките во земјата.