АСТРОНАУТИТЕ, СЕПАК, ЌЕ МОРААТ ДА НОСАТ ПЕЛЕНИ Така е кога ќе пукне цевка во вселенски тоалет

Астронаутите дознале дека тоалетот е расипан кога ги повлекувале панелите во нивната капсула. Тогаш виделе базени со урина. Сега 20 часа ќе патуваат до Земјата во пелени.

731

Шест месеци во вселената и оп – пука цевката во ултрамодерната капсула на СпејсИкс, баш тогаш кога четворицата астронаути треба да се „спуштат“ на земјата, во неверојатен подвиг кој ќе трае 20 часа почнувајќи од денеска во осум попладне, а бидејќи тоалетот не работи, астронаутите ќе мораат да носат пелени целото време. Какви сè не авантури преживеаја Меган Мекартур, Томас Песке, Шејн Кимброу и јапонецот Акихико Хошиде?

Астронаутката Меган Мекартур од НАСА ја опиша ситуацијата како „неоптимална“, но дека „може да се изменаџира“, пишува Гардијан.






– Ова е само уште еден предизвик со кој ќе се сретнеме и за кој ќе се грижиме во нашата мисија. Затоа не сме премногу загрижени за тоа – рече Мекартур на прес-конференција од орбитата.

Им пукнала цевка во тоалетот, намокрени се подните даски

Астронаутите дознале дека тоалетот е расипан кога ги повлекувале панелите во нивната капсула. Тогаш виделе базени со урина. Проблемот првпат беше забележан за време на приватен лет на СпејсИкс во септември, кога една цевка пукна и урина се истури под подните даски. Од СпејсИкс го поправија тоалетот на капсулата која допрва ќе се лансира, но кај таа што е во орбита не може ништо да се направи.

За среќа, инженерите утврдиле дека капсулата не била структурно нарушена од урината и дека е безбедна за враќање назад. Астронаутите ќе мора да се потпрат на она што НАСА го опишува како впивачка „долна облека“.

фото: твитер

Се вртеле поради грешка на руска капсула, а потоа Русите снимале филм

По серијата состаноци во петокот, менаџерите на мисијата одлучија да ги донесат Мекартур и остатокот од нејзиниот екипаж дома, па потоа да однесат нови астронаути. Но, лансирањето на новите астронаути од страна на СпејсИкс беше одложено повеќе од една недела поради лошите временски услови и неоткриениот медицински проблем во кој беше вклучен еден човек од екипажот. Спејс Икс сега има за цел да полета најрано во среда навечер.

Францускиот астронаут Томас Песке, кој ќе се враќа со Мекартур, им изјави на новинарите дека изминатите шест месеци биле интензивни. Астронаутите имаа низа вселенски прошетки за да ја надградат електричната мрежа на станицата, претрпеа ненамерно вклучување на моторот на руска капсула која се укотви на станицата, а тоа направи станицата накратко да се заврти, а беа и домаќини на приватна руска филмска екипа. Да, се снимаше првиот филм во вселенската станица, со руски актери.

фото: твитер

Чили-пиперки во вселената, „убав морален поттик“

Астронаутите ги одгледуваа и првите чили пиперки во вселената – „убав морален поттик“, според Мекартур. Тие мораа да ја пробаат нивната жетва во изминатата недела, додавајќи парчиња зелена и црвена пиперка во мексичко тако.

– Имаат убава пикантност во нив и долго горат – рече Мекартур за пиперките. – Некои имаа поголем проблем со тоа од другите“.

СпејсИкс ги лансираше четворицата астронаути на вселенската станица на 23 април годинава. Нивната капсула е сертифицирана за максимум 210 дена во вселената. Петок беше нивниот 196-ти ден нагоре. Еден Американец и двајца Руси ќе останат во орбитата.

Поврзани содржини