📽️ АСТРОНАУТИТЕ ПОМИНАЛЕ 374 ДЕНА ВО ВСЕЛЕНАТА Руска вселенска капсула слета на Земјата, постави нов рекорд!

Руските астронаути Кононенко и Чуб полетаа кон вселенската станица на 15 септември 2023 година, а во петокот го поставија рекордот за најдолга континуирана мисија на ISS, поминувајќи вкупно 374 дена во вселената.

175

Руската вселенска капсула Сојуз МС-25 слета денеска во степите на Казахстан со двајца руски и еден американски астронаут кои престојуваа на Меѓународната вселенска станица (МИР).

Капсулата Сојуз со космонаутите на Роскосмос Николај Чуб и Олег Кононенко и астронаутот на НАСА Трејси Дајсон слета на Земјата во 11:59 часот по локално време, пренесува Ројтерс.






Кононенко и Чуб полетаа кон вселенската станица на 15 септември 2023 година, а во петокот го поставија рекордот за најдолга континуирана мисија на ISS, поминувајќи вкупно 374 дена во вселената.

На нејзината трета мисија во вселената, Дајсон помина 184 дена во вселената, а вкупно осум астронаути останаа во орбитата, вклучувајќи ги Американците Буч Вилмор и Сани Вилијамс, кои останаа во вселената подолго од планираното.

 

Поврзани содржини